Поврзете се со нас

Англија

Мегваер ја издвои слабоста која се претвора во најголем проблем за Јунајтед: Противникот не направи ништо……

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Хари Мегваер своевремено беше капитен на Манчестер Јунајтед и играч кој редовно даваше интервјуа по болните порази, па откако денеска црвен картон заработи Бруно Фернандеш, оваа улога повторно му припадна на искусниот стопер.

Дефанзивецот одигра меч без грешка на гостувањето на „Молину“, но задачите станаа двојно потешки за него и соиграчите кога Португалецот беше исклучен.

– Влеговме во вториот дел со мисла да го кренеме темпото, но потоа црвениот картон го промени мечот за нас. Доволно тешко е да се игра 11 против 11 во Премиер лигата, а кога останувате со 10 играчи, станува уште потешко. Ако бидеме искрено, не им препуштивме ништо, противникот не направи ништо, не креираа речиси ништо.

– Со играч повеќе на теренот постигнаа гол од корнер и профитираа од последната контра на натпреварот. Ова е тежок пораз за прифаќање, но мора да останеме сплотени и да се држиме како тим, – изјави Мегваер, кој призна дека примените голови од прекин прераснуваат во главен проблем за Јунајтед.

На последните седум натпревари, Јунајтед дури шест пати прими гол од прекин, па Мегваер признава дека тоа веќе не е случајност.

– Кога се случува одново и одново, не може да се каже дека е лоша среќа и случајно. Навистина е тешко да примите два гола директно од корнер, иако оној на Тотенхем беше чист прекршок. Мора да работиме на решавање на тој проблем како тим, – изјави Мегваер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни