Поврзете се со нас

Англија

Мегваер е оптимист: Англија е подготвена за триумф на Европското првенство

Објавено

на

Англија го очекува Европското првенство како актуелен вицешампион, а искусниот Хари Мегваер смета дека тој и колегите можат да го направат и последниот чекор до трофејот на турнирот во Германија.

Дефанзивецот зборувал пред новинарите во пресрет на пријателскиот дуел со Бразил, а на брифингот потенцирал дека очекува прв трофеј за Англија по многу децении.

– Чувствувам дека како екипа сме подготвени да победиме на ЕП 2024.

– Ако сакаме да го освоиме турнирот, веројатно ќе мора некого да победиме и на пенали, ваквите првенства вклучуваат вакви работи.

– Поседуваме со играчи кои можат да се снајдат добро во клучните моменти, треба само да имаме добра психолошка подготовка и да ги искористиме најважните ситуации во наша корист, – рекол Мегваер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни