Поврзете се со нас

Англија

Мегваер: Добро знам што се случува, играчи се ставаат на трансфер листа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед не се прослави и во оваа сезона која би можела да биде затворена со трофеј, но за да се случи тоа клубот од „Олд Трафорд“ ќе мора да направи изненадување и биде подобар од градскиот ривал Сити во финалето на ФА Купот кое е закажано за в сабота од 16 часот.

Повеќе од јасно е дека ќе има промени во Јунајтед ова лето, а еден од играчите кој дефинитивно може да си замине е дефанзивецот Хари Мегваер.

-Ова беше разочарувачка сезона, тоа сите ќе го признаат. Реалноста не се крие, таа се прифаќа. Оваа сезона беше многу потешка од лани. Ако немате добри резултати, играчите се продаваат и ставаат на трансфер листа, а тренерот е под притисок. Овде сум пет години и знам што се случува, -рече дефанзивецот кој има договор до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни