Поврзете се со нас

Балкан

Меѓународен фудбалски семинар „КЕLMЕ 2022“

Објавено

на

На 18 и 19 април, во Софија, Бугарија, во организација на Бугарската тренерска школа за фудбал при БФС, во соработка со „Буцефал Спорт Мениджмънд“, ќе се одржи меѓународен фудбалски семинар за тренери „КЕLME 2022“. Семинарот е наменет за носители на валидни лиценци на УЕФА, и тоа: УЕФА Про, УЕФА А и УЕФА Б дипломи.

Учесниците на семинарот „КЕLМЕ 2022“ ќе дознаат за најновите и најиновативни методи на обука, вежби и концепти за подобрување на брзината, како и можности за подобрување на техничките и тактичките вештини и знаења. Семинарот треба да послужи за претставување на современите тенденции, перспективи и насоки при подготовка на некои од врвните германски фудбалски тимови, со цел усовршување на тренажниот процес.

Овој семинар соодветствува на програмата за континуирана обука, согласно Конвенцијата на УЕФА, за взаемно признавање на тренерските квалификации. Секој учесник на семинарот „КЕLME 2022“ ќе добие сертификат за комплетиран курс, со којшто може да аплицира за обновување на лиценцата, со оглед на тоа што времетраењето на лиценците е ограничено на три години.

Предавачи на семинарот „КЕLME 2022“ ќе бидат: Петер Шрајнер, Филип Дам и Ралф Јазер од Германија и Атанасиос Терзис од Грција, како и Нестор Јуруков, предавач од Бугарската тренерска школа при БФС. Семинарот „КЕLME 2022“ се одржува во спа-комплексот „Царско село“ во Софија, каде што е предвидено и сместувањето на учесниците. Семинарот ќе биде поделен во два дела – теоретски и практичен.

Куси податоци за гостите-предавачи:

Петер Шрајнер – 25-годишна тренерска кариера; поранешен главен координатор на јуниорската школа на Schalke 04; автор е на голем број книги и предавач во над 30 држави, на пет различни континенти.

Филип Дам – ја започнал кариерата како тренер во SV Darmstadt 98; работел како тренер за индивидуална подготовка во школите на Mainz 05: FC Kaiserslautern и TSG 1899 Hoffenheim; бил спортски директор и тренер на FFC Frankfurt, во првата женска Бундеслига; сега е помошник тренер на Shandong Taishan F.C., во кинеската супер лига.

Ралф Јазер – основач и директор на Speedclub; поранешен тренер во TSV 1860 München; работeл како професор по фудбал на Техничкиот факултет во Минхен и во Баварската фудбалска асоцијација; водел обуки во Техеран, Јапонија, Дубаи и САД; бил предавач во Mainz 05, при Австриската, баварската и саксонската фудбалска асоцијација; Член ена Асоциацијацијат ана германските фудбалски требери и на други здруженија; се грижи за голем број професионални фудбалери, како и за олимписки, европски и германски шампиони во различни спортови.

Атанасиос Терзис – магистар по тренинг и кондициони подготовки; поседува тренерска лиценца UEFA A; работел како директор на Спортска академија во Грција; автор е на 18 книги, од коишто поголем дел се публикувани од soccertutor.com и ifj96.de; книгите му се преведени на голем број јазици (англиски, германски, италијански, шпански, јапонски, корејски, кинески), многу од нив се вклучени во 100-те најпродавани книги за тренери по футбал, на Аmazon; автор е на книгата „Тренинг сесии на ФК Барселона“ којашто е избрана од Ариго Саки и наградена од Италијанската фудбалска асоцијација.

Семинарот е планиран со цел да им се овозможи на учесниците да се запознаат со различните структури, филозофии, можности за подготовка на некои од врвните германски фуидбалски тимови. Учесниците на семинарот „КЕЛМЕ 2022“, покрај тоа што ќе добијат сертификат и можност за обнова на својата тренерска лиценца (доколку лиценцата е стекната во Бугарија), тие ќе дознаат за најновите и најиновативни методи на обука, вежби и концепти за подобрување на брзината, како и можности за подобрување на техничките и тактичките вештини и знаења.

Повеќе детали на: https://www.facebook.com/100263931520235/posts/535776644635626/

https://www.facebook.com/bucephalsportsmanagement/posts/535776644635626

Контакт: Николай Илиев

Тел. 00 359 887 600 996 WhatsApp / 00 49 176 43429991 WhatsApp, Viber,

Email: [email protected]

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни