Поврзете се со нас

Англија

Меѓу редови потврден првиот јануарски трансфер на „сините“: Верувам дека ќе потпише за Челси

Објавено

на

До почетокот на јануарскиот преоден рок останува уште помалку од еден месец, а клубовите веќе се подготвуваат за ангажман на засилувањата на сред сезона.

Јануари ретко кога донел бомбастичен трансфер, но често се случува да се реализираат трансфери на играчи кои не се толку познати, но кои во иднина го промовираат своето име меѓу најдобрите на стариот континент.

Од таборот на Челси нема да се расфрлаат пари во зимскиот преоден рок, но речиси е сигурно дека ќе ангажираат нов централен дефанзивец, а тоа како што стојат работите ќе биде Атила Салаи.

Станува збор за унгарски репрезентативец и член на Фенербахче за кого селекторот на Унгарија, Марко Роси откри дека веројатно ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

– Во овој момент мислам дека италијанската лига ќе му одговара најмногу на Атила Салаи, но верувам дека веќе е договорен неговиот премин во Челси.

– Ова момче игра за Фенербахче и одблиску е следено од многу тимови, посебно од најдобрите тимови во Шпанија, но изгледа дека веќе има постигнато договор со Челси, -заклучи Роси.

Салаи е 23 годишен централен дефанзивец кој во Фенербахче пристигна од Аполон Лимасол, а изминатава година бележи одлични партии како во турскиот шампионат, така и во репрезентацијата на Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни