Англија
Меѓу нив ќе се бира: Четири имиња се во игра за нов тренер на Јунајтед

Манчестер Јунајтед поради лошите резултати реши да се откаже од легендата на клубот Оле Гунар Солскјер и на негово место како привремено решение до крајот на сезоната го ангажираше Ралф Рангник.
Со оглед на што деновите на Германецот се изброени, а времето оди премиерлигашот мора да почне да се фокусира на тоа кој ќе биде новиот менаџер, човекот кој ќе почне да го води составот од натпреварувачката 2022/2023.
Според извори на „Атлетик“ тренерот на Јунајтед ќе бара меѓу двајца шпански, еден аргентиннски и холандски стратег, поточно меѓу Луис Енрике, Хулен Лопетеги, Ерик Тен Хаг и Маурисио Покетино.
Сите овие стручњаци во моментов имаат ангажмани, Енрике е селектор на Шпанија, Лопетеги ја води Севилја, Тен Хаг е главен во Ајакс, додека Покетино е број еден во ПСЖ.
Останува да видиме на кого ќе падне изборот, односно ќе прифати да седне на жешкото столче во клубот кој никако не успева да се стабилизира, да има квалитетни резултати како дома така и во Европа по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон.
-
Шпанијапред 19 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 17 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 18 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 11 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 15 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
НБАпред 18 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 7 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја