АТП
Меѓу нив ќе се бара победникот: Бекер посочи кои играчи можат да ја освојат титулата на Ролан Гарос

Пред нас е вториот календарски грен слем Ролан Гарос на кој нема да биде присутен „кралот на земјата“, човекот кој доминираше низ годините на овој турнир Рафаел Надал.
Надал поради повредата мораше да го откаже настапот, а тоа значи дека сега има повеќе простор за останатите, односно имаат далеку поголема шанса за триумф на Френч Опен. Борис Бекер како еден од најголемите асови во историјата на овој спорт даде прогнозата околу тоа кој може да слави во Париз, па така според него победникот ќе се бара меѓу четворица имиња.
-Мои фаворити се Новак Ѓоковиќ, новопечениот победник на турнирот во Рим, Медведев, Холгер Руне и Карлос Алкарас. Претходните 15 години главното прашање беше кој ќе игра против Надал во финалето. Сега сите останати играчи имаат реални шанси, -порача Бекер.
Борис даде коментар и за најавата на Надал за завршување на кариерата.
-Тоа ќе биде огромна загуба за машкиот тенис. Се надевам дека следната година тој ќе може здрав да игра на своите омилени турнири, да оди на проштална турнеја. Јас сум голем обожавател на неговиот успех и човечност, -заклучи Германецот.
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 20 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 19 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Англијапред 23 часа
Рио го „амнестираше“ Јунајтед и смета дека Арсенал е виновен што Сити е на чекор до трет трофеј
-
Светпред 15 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 19 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал