НБА
Мега трејд во НБА лигата, Лилард е главна ѕвезда (ФОТО)

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Дејмијен Лилард по единаесет години си заминува од редовите на Портланд Трејл Блејзерс.
Лилард беше една од ретките ѕвезди која сакаше да успее во овој клуб, тука да се изгради шампионска генерација, но и покрај тоа што низ годините играше страшна кошарка не му се оствари сонот и самиот тој пројави желба да ја напушти организацијата по крајот на минатата сезона.
Се споменуваше Мајами Хит како наредна дестинација, посакуваната дестинација од него, ама ништо од таа приказна ако се официјализираа последните информации кои доаѓаат од САД. Имено сите реномирани кошаркаски медиуми, новинари информираа за мега трејд во кој учествуваат три екипи, а најголемо име е Лилард кој се сели во Милвоки Бакс што значи ќе игра заедно со Јанис Адетокумбо.
Портланд пак ќе ги добие Џру Холидеј, Деандре Ејтон, Тумани Камара и пикови на драфтот, додека пак во Феникс Санс ќе завршат Јусуф Нуркиќ, Грејсон Ален, Насир Литл и Кеон Џонсон.
Ова значи дека Бакс ќе имаат супер тим со оглед на тоа што покрај Јанис и Демијен тука е Крис Мидлтон.
How will Damian Lillard adjust in Milwaukee?
“His addition will immediately add a new dimension to everything the Bucks do offensively,” writes @eric_nehm.
Details and analysis on the trade: https://t.co/ezAFrM9duY pic.twitter.com/O0QcnWRf9W
— The Athletic (@TheAthletic) September 27, 2023
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 22 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 24 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 19 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 21 час
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)