Поврзете се со нас

НБА

Меџик со големи комплименти за Јокиќ: Тој ја менува кошарката како Џордан, Кари, Шек…(ФОТО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ игра во страшна форма во плејофот во НБА лигата каде беше најзаслужен што неговиот Денвер Нагетс испиша историја и за прв пат ќе игра во големото финале со победникот од Истокот каде се уште трае серијата меѓу Мајами Хит и Бостон Селтикс.

Србинот беше страшен во пресметката со ЛА Лејкерс за пехарот на Западот, одигра четири супер натпревари и сосема заслужено го доби признанието МВП, поточно наградата која го носи името Ирвин Меџик Џонсон.

Токму легендарниот Џонсон се огласи на социјалните мрежи каде му честиташе на Јокиќ за успешната серија, наградата, но воедно порача дека ја менува кошаркарата како некои големи имиња како Џордан, Брајант, Шекил, Коби…

-Џокер ја менува кошаркатата пред нашите очи како Џордан, Лери, Леброн, Стеф, Коби, Карим и Шек, -напиша Меџик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни