Поврзете се со нас

НБА

Меџик Џонсон образложи што треба да направи Леброн до крајот на кариерата за да се израмни со Џордан

Објавено

на

Леброн Џејмс го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до прва титула во НБА лигата по пауза од 10 години, па со своето МВП издание во финалната серија, им овозможи на „езерџиите“ да се израмнат на вечната листа со лутиот ривал Бостон Селтикс, делејќи го врвот со 17 шампионски титули.

За „кралот“ Џејмс ова беше четврти шампионски прстен во кариерата по оние кои ги освои во Мајами и Кливленд, па по завршувањето на серијата против Мајами која заврши со резултат 4:2, побара повеќе респект за сето она што го остварил на НБА паркетите.

Интересно, на јавноста во Америка не и требаше премногу време за повторно да започне со споредбите за најдобриот играч на сите времиња, ставајќи го Леброн во ист кош со Мајкл Џордан кој според многумина е убедливо најголемиот кошаркар. На оваа тема добивме интересен одговор од човек кој навистина заслужува огромен респект, легендарниот Меџик Џонсон кој освои пет шампионски титули како ѕвезда на Лејкерси.

– Ако Леброн ја освои и следната титула, ќе биде тешко да се рече дека не на исто ниво со Џордан. Велам, следната титула, што би претставувал петти шампионски прстен за Џејмс. Со оглед на тоа што Џордан има шест, а тој четири, тешко е да се каже дека е на неговото ниво во овој момент.

– Ако победи и ја повтори титулата, велам повтори, да ја одбрани оваа освоена годинава, е тогаш ќе има силен аргумент. Тоа е патот, ако освои уште една, ќе биде тешко некој да одрекува дека Леброн заедно со Џордан е најголем на сите времиња, – потенцира Меџик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни