Меџик Џонсон: Леброн ни ги расипа плановите

lebron

Легената на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон кој сега ја има улогата на претседател за кошаркарски операции на клубот од Калифорнија откри дека нивниот план мора да претрпи измени по доаѓањето на Леброн Џејмс.

„Кралот“ ја прифати понудата на „езерџиите“ и потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони евра. Со ова Лејкерс доби топ засилување, засилување кое се очекува да ги врати тимот на старите победнички патеки.

-Ако видиме дека постои некој играч, кој би не направил подобри тогаш ќе потпишеме договор со него. Ако не веќе имаме добра екипа и со не аќе се бориме. Многу ми се допаѓа тимот што е составен. Следното лето ќе имаме доволно средства да донесеме уште еден играч со максимален договор. Роб Пелинка и јас имавме план, но потоа дојде Леброн и моравме да менуваме некои делови. Сепак остануваме дисциплинирани и се надеваме наскоро ќе имаме состав кој може да се бори за прстените, -порача Меџик кој воедно најави дека во иднина ќе се консултира со Леброн околу изборот на засилувања.

-Не станува збор за влијание, туку за тоа да седнете на маса со најдобриот играч на светот. Кога играв јас и мене ме прашуваа за одредени потези. Ќе го прашаме за некои играчи затоа што ги знае, има играно против нив, -истакна Џонсон.

Facebook Коментари