Поврзете се со нас

НБА

Меџик Џонсон издвои пет играчи од денешната НБА кои би биле успешни во ерата на Џордан (ВИДЕО)

Објавено

на

Заврши документарецот „Последниот танц“ во кој централна фигура беше Мајкл Џордан и генерацијата на Чикаго Булс која остави голема трага во НБА лигата.

Има многу коментари, позитивни, негативни, меѓутоа повеќе од јасно е дека документарецот беше вистински погодок, и беше многу гледан како во САД така и нез целиот свет.

За овој серијал сигурно ќе се зборува и во наредните денови, наредниов период, па така додека е жешка темата за Мајкл легендарниот Меџик Џонсон доби шанса да издвои пет играчи од денешната НБА кои би имале значајна улога во ерата на Ем-Џеј и Чикаго Булс.

Иконата на Лос Анџелес Лејкерс смета дека Кевин Дурент добро би се снашол во секоја ера, а во Топ 5 друштвото се уште Леброн Џејмс и Ентони Дејвис од таборот на „езерџиите“, Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс и Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни