Поврзете се со нас

АТП

Медведев ги изнасмеа фановите во Австралија по пласманот во осминафиналето: Поседувам една супер-моќ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Данил Медведев го доби дуелот со Русувури по мачна борба и пет одиграни сета, па тоа направи Русинот да го заврши својот меч во 4 часот наутро во Мелбурн.

За разлика од мечот кој се одигра завчера, Медо денеска одигра извонредно и не му даде никаква шанса на Феликс Оже Алијасим, па откако го поправи својот скор со Канаѓанецот на 7:0, беше расположен и да се шегува со фановите.

Џим Куриер го запраша Медведев како успеал да се рехабилитира после мечот кој заврши во 4 часот наутро, по што Русинот даде еден легендарен одговор кој ги изнасмеа фановите.

– Не е лесно да се заврши меч толку рано наутро, следниот ден сигурно не сте свеж. Направивме се што можевме со мојот тим, отидов да спијам во 7 часот наутро тој ден и се разбудив во 12. После тоа, имав навистина добра ноќ во која добро спиев пред овој меч. Можам да се пофалам дека поседувам супер-моќ, можам да спијам на било кое место кога и да посакам.

– Кога бев помлад, до 21 година излегував и надвор после мечевите. Тоа не беше добро за мојот тенис, не играв како што играм сега. Имаше тренинзи на кои одев неспиен, а можеби токму тоа искуство ми помогна сега да бидам свеж. Да се надеваме дека беше така, – изјави Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни