АТП
Медведев знае што се случува со Алкарас: Ова може да му се случи и на Ѓоковиќ

Данил Медведев рутински го совлада својот добар пријател и сонародник Андреј Рубљов, па за време на својата прес-конференција имаше време да коментира и настапи и на идните противници.
Медведев е во „црвената група“ и до крајот на оваа фаза ќе се соочи уште со Карлос Алкарас и Александер Зверев, но Русинот посебно се задржа на младиот Шпанец кој бележи пад во формата на крајот од сезоната.
Трите порази во низа отворија многу прашања за лошите настапи на Карлос, но Медо смета дека тоа е нормално за еден тенисер кој е во најраната фаза од кариерата.
– Да ме прашавте пред два или три месеци, ќе ви кажев дека сум изненаден од победата на Зверев, но сега не. Тенисот е многу непредвидлив спорт и Карлос во овој момент игра малку побавно од тоа што навикнавме. Ја нема истата доза на самодоверба која ја имаше во текот на годината. Ова може да му се случи на секого, дури и на Ѓоковиќ. И тој имаше вакви фази во почетокот на својата кариера додека беше помлад.
– Само прашање на време е колку брзо ќе се опорави од ова. Или за време на овој турнир, ако не, на почетокот на следната година. Не сум изненаден од ваквиот исход, Саша беше добар и силно сервираше и ќе биде интересно да се игра против него во следното коло, – изјави Медведев.
-
Италијапред 22 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Европски првенствапред 11 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Италијапред 9 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)
-
НБАпред 22 часа
Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)