Поврзете се со нас

АТП

Медведев знае кој е најдобар во светот на тенисот во овој момент: Не можете да кажете дека Ѓоковиќ не е број еден

Објавено

на

Рускиот тенисер Данил Медведев се најде во финалето на Австралија Опен каде ќе се соочи со Шпанецот, Рафаел Нада.

Доколку Медведев, кој и лани беше во финалето на Грен Слемот во Мелбурн, стигне до трофејот оваа година  ќе се искачи на првата позиција на АТП листата затоа што Ѓоковиќ нема да може да ги брани бодовите освоени лани кога тој беше шампион на Австралија Опен.

Русинот коментирајќи го неговото можно искачување на врвот на АТП листата истакна дека  е свесен дека Новак Ѓоковиќ во моментов е тенисер број еден во светот.

– Мислам дека она што е навистина важно е кој е прв играч на крајот на сезоната. Ова е сам почеток на годината. Секако дека е неверојатно достигнување и голема чест да бидете прв тенисер во светот.

– Но, не можете да кажете дека Ѓоковиќ кој ги освои трите од претходните четири Грен слеми не е број еден. Тоа е смешно. Ќе ги загуби бодовите освоени овде поради несреќниот факт, -истакна искрениот Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни