Поврзете се со нас

АТП

Медведев збесна: Тргнете го од Олимписките игри, не сакам да го гледам веќе тука

Објавено

на

Данил Медведев се мачеше на теренот поради големата топлина и неверојатно влажниот воздух во Токио, па откако имаше расправија со судијата и го загуби вториот сет против Фабио Фоњини, успеа да се прибере и го доби одлучувачкиот сет со 6:2.

Русинот го доби третиот сет со 6:2 и си закажа четвртфинален дуел со Карењо Буста, но неговиот настап во осминафиналето ќе се памети и по бесниот излив на емоции кои ги имаше на теренот, а потоа и во прес салата.

Медведев се жалеше за нехуманите услови и го запраша судијата кој ќе биде одговорен доколку умре на теренот од топлотен удар, а потоа беше обвинет дека мамел и дека глумел повреда од еден од странските новинари.

Медведев: Ако умрам на теренот, кој ќе биде одговорен? (Видео)

– Русите се измамници? Првпат во живот нема да одговорам на едно прашање. Треба да се засрамиш за тоа што го велиш, – му порачал Медведев на новинарот, а потоа се пожалил кај организаторите.

– Мислам дека треба да го оддалечите од Олимпиското село и Олимписките игри. Не сакам да го гледам веќе тука, – порачал бесниот Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни