АТП
Медведев влезе во конфликт со фановите во Мелбурн, Кристијано беше топ тема (Видео)

Данил Медведев го преживеа Ник Кирјос и се пласираше во третата рунда на Австралија Опен, но затоа влезе во конфликт со публиката на Род Лејвер арената поради третманот кој го доби.
Медведев го издржа налетот на домашниот миленик и победи со 3:1 во сетови за пласман во наредното коло, но откако го направи тоа, не го криеше разочарувањето од односот на публиката и третманот кој го доби.
Русинот се пожали дека му свиркале за време на првиот и вториот сервис и дека тоа било разочарувачки да се прифати, но им одржа лекција на фановите и поради тоа што не покажаа почитување кон неговиот соговорник.
– Ако не ме почитувате мене, покажете почит кон Џим Куриер, тој двапати го има освоено овој турнир, – порача нервозниот Медведев, додека Куриер се обиде да ја смири ситуацијата.
Легендарниот Џим му објасни на Медведев дека фановите всушност не го свиркале, туку дека го извикувале популарното „Сиууу“ на Кристијано Роналдо, крик со која Кирјос ја прослави победата во првото коло.
И покрај ова, Медведев го заврши интервјуто разочаран од добар дел од публиката на трибините, па на крајот ги „поздрави“ со натпис „Сиууу“ на камерата на која традиционално се потпишуваат тенисерите по остварена победа.
“Show some respect.” 😡😡
Daniil Medvedev was NOT happy with the crowd behaviour tonight and he let them know in the on-court interview! 😳
#AusOpen – Live on Channel 9 and 9Now pic.twitter.com/5UKAFOuV9v— Wide World of Sports (@wwos) January 20, 2022
Medvedev signs “SIUUUU” in the camera lens before leaving the court. pic.twitter.com/eLR55KTtp1
— Gaspar Ribeiro Lança (@gasparlanca) January 20, 2022
-
Англијапред 23 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 16 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 14 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 21 час
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 22 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 15 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 5 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)