Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Сонувам да бидам број еден, но оваа година тоа не сум јас

Објавено

на

Данил Медведев го спречи Новак Ѓоковиќ во обидот да испише историја и не му дозволи да освои календарски слем во Њујорк, а сега по првите две победи на Индијан Велс, почна да му се поставува прашањето за првото место на АТП листата.

Доколку Русинот успее да стигне до својата прва титула на Мастерсот во Индијан Велс, за момент ќе го престигне Новак на АТП листата и ќе стане светски рекет број еден, а во ситуација кога го делат уште четири чекори до такво нешто, Медведев порача дека за него вистински најдобар оваа година е Србинот.

Медведев рано утрово го победи Крајиновиќ и се пласираше во осминафиналето на АТП Мастерсот од Серијата 1000, по што призна дека негов сон дефинитивно е да стане најдобар играч на денешницата.

– Од својата шеста година сонувам за првото место на АТП листата. Но, ако бидеме реални, Ѓоковиќ е вистинскиот број еден оваа година.

– Тој освои три грен слем титули и тоа е чистата реалност. Секако, првото место останува моја цел, но потребно е да победувам на многу мечеви и да почнам да освојувам грен слем титули на редовна база, – изјави Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни