Медведев славеше во Синсинати за прва Мастерс титула во кариерата

Medvedev-1

Данил Медведев го заокружи одличниот настап на Мастерсот во Синсинати со победа во финалето, каде успеа да го совлада Давид Гофан со 2:0 (7:6/6:4) во сетови.

Рускиот тенисер ги загуби претходните две финалиња во Вашингтон и Монтреал, но вечерва беше подобар во дуелот со Гофан, со што докажа и дека заслужено славел над големиот фаворит Новак Ѓоковиќ во вчерашното полуфинале.

Првиот сет донесе израмнет меч во кој Медведев одигра подобро во тај-брејкот, а брзиот брејк во вториот сет му донесе мирна завршница и сервис гејмови во кои целосно доминираше и не му дозволи никаква шанса на белгискиот ривал барем до последниот гејм. Тогаш Гофан имаше 15-40, но следуваа три асови на Медведев и заокружување на одличната недела во Синсинати.

За Медведев ова е прва Мастерс титула во кариерата, a со оваа победа ќе стигне до петтата позиција на АТП ранкингот.

Facebook Коментари