Поврзете се со нас

АТП

Медведев се мачеше со „анонимен“ ривал, па уништи една камера на теренот (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Данил Медведев мораше да одигра пет сета и да прави пресврт против анонимен тенисер од Тајланд, но на крајот си обезбеди место во следната рунда на Аустралијан Опен.

Рускиот тенисер добро го започна мечот и дојде до очекувана предност од 1:0 во сетови, но подоцна му дозволи на Касидит Самреј, кој не е ниту во Топ 400 на АТП ранкингот да направи пресврт и да му се закани со шокантна елиминација.

Противникот на петтиот носител имаше 2:1 во сетови, но не го издржа притисокот, па фаворитот ги доби следнита два сета со 6:1 и 6:2 за по три часа да ја завери победата.

Медведев во еден момент реши да покаже колку е нервозен кршејќи го својот рекет од мрежата, а притоа настрада и камерата која е лоцирана на оваа позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни