Поврзете се со нас

АТП

Медведев режираше невиден тениски циркус на отворањето на завршниот Мастерс во Торино (Видео)

Објавено

на

Завршниот Мастерс во Торино на кој настапуваат најдобрите осум тенисери стартуваше ова попладне, а програмата беше отворена со дуел меѓу Данил Медведев и Тејлор Фриц.

Американецот пристигна во Торино во навистина добра форма и го победи шампионот од завршниот Мастерс во 2020-та година, но настапот кој го имаше Русинот е она што посебно го привлече вниманието.

Медо се појави на денешниот меч во фазон на самодеструкција, па откако го заврши првиот сет со три двојни грешки во низа за 6:4, потоа следеа уште поголеми циркуси од негова страна.

Поради недолично однесување, Медведев доби казнен поен од судијата и почна да го удира микрофонот крај теренот, а за крај понуди и невидена сцена.

При еден сервис на Фриц, Медведев се подготвуваше за ритерн со долниот дел од рекетот и доби свирежи за непрофесионалното однесување, кое на крајот му донесе и прв пораз на годинешното издание со резултат 6:4 и 6:3.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни