АТП
Медведев пред финалето со Надал: Сигурен сум дека Ѓоковиќ ќе не гледа

Данил Медведев ја надимина кризата на крајот од вториот сет и жестоката расправија која ја имаше со главниот судија, па сега со мислите е насочен кон големото финале на Австралија Опен во кое противник ќе му биде добро познат ривал.
Медведев загуби од Рафаел Надал во своето прво грен слем финале кое го играше во 2019-та година, а сега во четвртото кое ќе го игра во својата кариера, ќе ја брка првата титула на Австралија Опен.
– Загубив од Рафа во моето прво грен слем финале и интересно е тоа што сега потворно против мене ќе имам играч кој брка 21-ва грен слем титула.
– Уверен сум дека Новак Ѓоковиќ ќе го гледа финалето кое ќе го играме за два дена. Претпоставувам дека Рафа го гледал финалето кое го иравме на Ју-Ес Опен, но не можам да знам за кого навивал. Подготвен сум за тоа што следи, Рафа е извонреден играч и ќе мора да одиграм најдобро што знам.
– Нема да размислувам за Новак пред и за време на мечот, можеби кога ќе заврши. Ќе мислам малку на него и на Федерер бидејќи тројцата се вмешани во ова, – изјави Медведев по победата од 3:1 над Циципас.
Интересно, епилогот од финалето нуди две сценарија за светскиот рекет број еден, а во дадениот случај и двете не се баш поволни за него. Во случај на победа на Медведев, Данил ќе избие на првото место на АТП листата, а доколку победи Надал, Шпанецот ќе се одлепи на вечната листа и ќе има една грен слем титула повеќе од Србинот и Рожер Федерер.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 16 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)