Поврзете се со нас

АТП

Медведев подобар од Надал, Шпанецот ќе чека нова шанса да го освои завршниот Мастерс

Објавено

на

blank

Рафаел Надал повторно нема да го освои трофејот на завршниот АТП Мастерс, а второто место во финалето му припадна на неговиот вечерашен противник, Данил Медведев.

Русинот ја продолжи одличната серија која започна на Мастерсот во Париз, па со 2:1 во сетови го совлада и Шпанецот, правејќи пресврт во полуфиналето.

Надал го доби првиот сет со 6:3, но Медведев најави дека нема лесно да се откаже од финалето откако поведе со 4:1 во вториот сет.

Следуваше серија на Шпанецот кој стигна до 4:5, за на крајот тај-брејкот да го решава вториот сет. Медведев беше поуспешен, а во третиот сет направи два брејка во финишот за 6:3 и победа од 2:1 во сетови.

Во утрешното финале во Лондон, Медведев ќе игра против Доминик Тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни