Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Ова е веќе рекорд…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Данил Медведев успеа да ја добие битката со Јаник Синер која траеше четири часа, битка која имаше пет сета и која му овозможи место во полуфиналето каде за ривал ќе го има Карлос Алкарас.

Медведев го доби маратонот и го елиминираше Синер од Вимблдон (ВИДЕО)

Ова воедно за Русинот значеше крај на негативната серија во дуелите со Италијанецот, поточно конечно го совлада Синер по пет натпревари.

-Ова е прв пат да победувам два пати на Централниот терен на Вимблдон, така што… Нормално би победил еднаш или ниту еднаш. Така што ова е веќе рекорд.

-Знаев дека ако сакам да го победам Јаник, тоа мора да биде тежок натпревар. Не е повеќе момче што можеш лесно да го победиш. Чувствував дека не се чувствува добро, но знаев дека може да се врати. Почна да игра подобро. Среќен сум што останав на високо ниво. Имаше одлични поени, одличен натпревар. Среќен сум што победив, -рече Медведев за кого ова ќе биде второ полуфинале на грен слемот во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни