Поврзете се со нас

АТП

Медведев откри што му дошепнал на Алкарас на мрежа и ги изнасмеа фановите (Видео)

Објавено

на

Данил Медведев последен пат го победи Карлос Алкарса на Ју-Ес Опен, но оттогаш нанижа четири порази во дуелите со Шпанецот, од кои последниот пристигна денеска.

Полуфиналето во Пекинг беше навистина едносмерно и Алкарас славеше со 7:5 и 6:3, со што само покажа дека игра во врвна форма на првиот турнир кој сезонава го игра во Азија.

Алкарас загуби само еден сет на последните четири меча со Медо и дефинитивно му зема мерка на Русинот, кој во свој стил си фати сеир на себе по крајот на мечот.

Медведев на новинарите им откри што се криело зад неговото подолго обраќање на мрежа по крајот на мечот, а со својата изјава ги изнасмеа сите.

– Му кажав дека за следниот меч ќе ја обојам мојата коса сина и дека ќе напишам знак со името Ботик на моите гради. Можеби така ќе имам повеќе шанси, – откри Медо, алудирајќи на шокантниот пораз кој го доживеа Алкарас од Ботик Ван де Зандшулп на Ју-Ес Опен на крајот месец август.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни