Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Од медиумите дознав дека Ѓоковиќ е лош човек, но….

Објавено

на

blank

Данил Медведев доби тениска лекција од Новак Ѓоковиќ во големото финале на Австралија Опен, по која призна дека немал никаква шанса против светскиот рекет број еден на теренот кој очигледно е омилен за него.

Ѓоковиќ ја продолжи својата „љубовна афера“ со Род Лејвер арената и ја запиша деветтата победа во деветтото финале во Мелбурн парк, па покрај тоа што стигна до деветти трофеј на Австралија Опен, сега дојде на само минус две титули од рекордните 20 на Федерер и Надал на грен слем турнирите.

Србинот по победата од 3:0 не криеше и нагласи дека титулите на грен слем турнирите и натаму остануваат негов приоритет, за кои пак Медведев ќе мора да почека уште извесно време откако загуби и во второто финале на најголемите и најпрестижните натпреварувања. Ако пред две години одигра пет сета против Надал во финалето на Ју-Ес Опен, Данил денеска беше комплетно декласиран, но покрај тоа што жалеше за поразот, не пропушти да нагласи дека Новак е далеку поразличен од она што го прикажува светската јавност.

– Тешко ми е, навистина не сакам да губам. Не сакам да губам, без разлика дали станува збор за прво коло или финале на грен слем турнир. Во првиот сет бев во игра, имав брејк предност во вториот, но на крајот загубив со максимален резултат. Не играв лошо, но не одиграв ниту како што знам. Јас на овој начин ги добив Рубљов и Циципас. Тие беа добри, но јас чувствував дека сум пред нив. Така беше денеска со Ѓоковиќ, тој беше подобар од мене.

– Што се однесува до Новак, ќе ви раскажам една приказна. Јас играв фјучрс турнири, не знам колку точно години имав, а тој самошто го освои Вимблдон. Мојот тренер му понуди дека му стојам на располагање ако сака да тренира со некого во Монако. Јас од медиумите добив впечаток дека тој е лош и такви слични работи, но единствената лоша работа е што доцнеше на тренингот. Тој беше навистина многу добар кон мене, се однесува исто кон мене од тогаш па се до денес. Секогаш имал добар однос и после првиот тренинг, со својот приватен лет ме однесе во Србија на Дејвис Купот. Тој никогаш не се промени и останува голем шампион во секој поглед, – откри Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни