Поврзете се со нас

АТП

Медведев очекува пад на Ѓоковиќ: Ако Синер продолжи вака да игра…

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Данил Медведев загуби уште едно грен слем финале на Аустралијан Опен и тоа откако се чинеше дека се му оди од рака и ќе слави во Мелбурн.

Титула која ќе ја памети: Синер со страшен пресврт до тронот на АО (ВИДЕО)

Русинот го надигра Јаник Синер во првите два сета и поведе со 2-0 за да потоа работите се променат, Италијанецот биде далеку подобар на свој сервис со што се доведе во позиција да го загрози противникот, поточно ги користеше шансите и со 6-4, 6-4 и 6-3 направи фантастичен пресврт за прва грен слем титула во кариерата.

Синер и со овој триумф нема да биде прв на АТП листата, но Данил верува дека помладиот колега може да ја оствари таа цел и го тргне Новак Ѓоковиќ од врвот ако продолжи да игра на ова ниво.

-Мислам затоа ја имаме АТП листата. На овој турнир беше најдобар играч на светот, затоа и го освои слемот. Ама не знаеме што ќе се случи понатаму. Во моментов тој е во игра за позицијата број еден. Ако продолжи да игра вака, ако продолжи да победува на вакви турнири, во одреден момент ќе биде број еден. Никогаш не знаеме што може да се случи. Многу работи можат да се случат во кариерата. Затоа мислам дека тенисот е убав спорт затоа што не можеш да гледаш во иднината. Не знаете.

-Ако остане здрав и игра вака, во одреден момент ќе биде број еден. Два месеци, година, два, еден момент. Многу играчи поминале низ разни работи во сезони и кариери, ќе видиме како Јаник ќе се справи со се. И себеси се ставив во добра позиција. Претпоставувам дека сум број два во трката. Ќе дадам се од себе да бидам блиску, -порача Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни