Поврзете се со нас

АТП

Медведев обезбеди финале во Рим, па изведе победнички танц (ВИДЕО)

Објавено

на

Данил Медведев е вториот финалист на АТП Мастерсот во Рим на кој во борбата за пехарот ќе се соочи со талентираниот Холгер Руне.

Рускиот ас славеше над Стефанос Циципас со 2-0 во сетови и тоа во меч кој се оддолжи поради временските услови и врнежливото време во италијанската престолнина. На крајот Данил успеа 7-5 и 7-5 да обезбеди конечна победа против Гркот со кого не е во најдобри односи.

Со ова Медведев поведе со 8-4 во меѓусебните дуели со Циципас, а по завршниот поен изведе и еден победнички танц со која начин му одговори на противникот кој имаше некои потези по славјето во Синсинати минатата година.

Инаку Руне претходно беше подобар од Каспер Руд со 2-1 во сетови со 6-7, 6-4 и 6-2. Борбата за пехарот е закажана за утре од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни