Поврзете се со нас

АТП

Медведев обелодени со какви проблеми се соочувал во последните два гејма: Добро е што Новак не забележа

Објавено

на

Данил Медведев успеа да го победи Новак Ѓоковиќ и публиката на „Артур Еш“ стадионот која го исвиркуваше во најголем дел од мечот, но по режирањето на големо разочарување во Њујорк, рускиот тенисер призна дека бил многу блиску до целосен распад.

Медведев мирно одолеваше на сите исвиркувања од публиката кои на моменти беа некоректни и крајно нефер кон светскиот рекет број два, но во самата завршница, раката на рускиот тенисер затрепери, а тој открива дека почнале да го издаваат и нозете.

Русинот ги доби првите два сета со 6:4, во третиот имаше голема позитива од 5:1, но потоа не го искористи својот прв сервис гејм за победа на 5:2. При првата меч топка, Медведев доби жестоки свирежи, по што следеа двојни сервис грешки и брејк од страна на Ноле за 5:3. Србинот стигна и до 5:4, а Медеведев на прес-конференцијата откри дека најверојатно ќе го загубел финалето доколку не ја завршел работата во последниот гејм со кој го завери триумфот.

– Имав многу поголемо искуство од нашиот прв меч оваа година во Австралија, знаев како да се носам со емоциите во најголем дел од мечот. Имав далеку помал притисок во споредба со некои други ситуации претходно, но сепак на крајот, притисокот беше огромен. Почнав да имам грчеви при 5:3 во третиот сет, тоа почна да се случува поради притисокот и поради тоа што не искористив меч топка на 5:2.

– Нозете полека ми исчезнуваа, на 5:4 веќе не можев да одам. Ако ја погледнете снимката кога одам по пешкирот, ќе видите дека моите нозе едвај се помрднуваа. Не сакав тоа Новак да го види, бидејќи ако го видеше и почувстуваше, ќе завршеше лошо за мене на крајот. Во мојот последен гејм при 40:15, си реков дека ќе одам на ас. Следеше двојна сервис грешка, а потоа повторно си реков, гледај да погодиш само прв сервис. Успеав во тоа и навистина сум многу среќен. Жал ми е за Новак, сите знаеме што бркаше, но за мене оваа победа е послатка бидејќи го спречив во обидот да направи историја, – порача 25-годишниот Русин од Москва кој претходно на теренот, му порача на Новак дека е најдобар играч на сите времиња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни