Поврзете се со нас

АТП

Медведев не знаеше дека може да испише историја: Јас сум изненаден, ова е добар предизвик

Објавено

на

Вториот светски рекет, Данил Медведев успеа на чудесен начин да го преживее четвртфиналето и обезбеди место меѓу четирите најдобри на првиот календарски грен слем Австралија Опен.

Русинот направи неверојатен пресврт и славеше над Феликс Оже-Алијасим со 3-2 во сетови и со тоа остана во игра за титулата во Мелбурн, но и за првото место на АТП листата. Исто така Данил може да испише нова историја во белиот спорт, односно ако победи во Мелбурн ќе стане првиот играч кој по освоената прва титула во кариерата триумфирал и на наредниот грен слем.

-Некој досега требал тоа да го направи, нели? Или тоа никогаш не се случило? Не знаев за оваа статистика. Ќе се изненадев да знаев дека никој тоа не го направил. Да, тоа е добар предизвик, -рече Медведев кого од историја го делат победи над Стефанос Циципас и Рафаел Надал/Матео Беретини.

-Од тоа ме делат два меча. Повторно, останува да видиме како ќе се чувствувам, но тоа е голем предизвик. Јас навистина не размислувам за тоа. Ју-Ес Опен ми даде голема самодоверба, но имам тешки противници кои ќе сакаат да ме победат. Феликс беше навистина блиску. Бев на работ, но ќе се обидам да победам и на следните два натпревари. Ако успеам и ако е вистина, ќе биде историја. Совршено,- заклучи Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни