Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Не размислувам за Ѓоковиќ, ама ги гледам неговите натпревари

Објавено

на

Данил Медведев доби уште една битка, а тоа значеше пласман во полуфиналето на Ју-Ес Опен во кој силите ќе ги одмери со Феликс Оже Алијасим.

Најдобриот руски тенисер во четвртфиналето славеше над Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшулп со 3-1 во сетови, па сега ќе може мирно да го проследи другиот дел од ждребот каде е Новак Ѓоковиќ, негов потенцијален ривал во големото финале.

Медведев признава дека ги прати натпреварите на Новак, но воедно потенцира дека не размислува за него.

-Не размислувам за него бидејќи како што можеме да видиме секој може секого да го добие. Ако е во финале, и јас ќе бидам среќен. Тој игра во денови кога јас не играм, па ги гледам неговите натпревари, но само затоа што уживам во тенисот. Истото важи и за натпреварот од кој ќе го добијам следниот противник, само ќе уживам гледајќи тенис и потоа ќе се подготвам за победникот, -порача вториот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни