Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Морав да победам, затоа што не купив подарок… (Видео)

Објавено

на

Данил Медведев го освои првиот грен-слем трофеј во кариерата и тоа во моменти кога публиката во Њујорк сакаше историска ноќ и јасно застана на страната на Новак Ѓоковиќ.

Рускиот тенисер не загуби ниту сет против големиот фаворит и заслужено го освои Ју-Ес Опен, чие финале очигледно се поклопи и со денот на кој Данил и неговата сопруга одбележуваат три години брак.

По мечот, Медведев ги насмеа тениските фанови со изјавата дека морал да победи, затоа што не стигнал да купи подарок за Дарија.

– Пред полуфиналето реков дека ако загубам, ќе треба веднаш да изберам подарок, но откако победив си реков дека ако го загубам финалето, ќе немам време да купам подарок.

– Затоа морав да победам, – рече Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни