Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Ќе мокрам споро колку што е спор овој терен (ВИДЕО)

Објавено

на

Данил Медведев потешко од очекувањата обезбеди осминафинале на Мастерсот во Индијан Велс, односно му требаа три сета за да ја добие биткака со Иља Ивашка.

Скоро два часа траеше битката на Русинот и Белорусинот, а при истата фаворитот имаше замерки за теренот кој според него бил премногу спор иако се работи за тврда подлога. Во еден момент тој направи и шоу, влезе во разговор со главниот судија Мохамед Лајани на кого му порача:

-Ќе мокрам споро колку што е спор овој терен. Така да тоа може да трае 25 минути. Теренот е многу бавен, имам време, -рече Медведев на што Лајани му порача:

-Мора да го прифатиш тоа, тие си професионалец, -истакна судијата на што Данил пак истакна:

-Тоа не го прифаќам. Тие велат дека ова се тврди терени, ова не се тврди терени, -порача Русинот.

Нареден ривал за Данил е Александер Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни