Поврзете се со нас

АТП

Медведев ја објасни својата откачена прослава по победата над Ѓоковиќ и ги изнасмеа „ФИФА“ фановите (Видео)

Објавено

на

Данил Медведев не му дозволи на Новак Ѓоковиќ да испише историја и да стане првиот играч по Ред Лејвер кој ги освои сите четири грен слем турнири во една календарска година, но затоа Русинот испиша своја нова историја и ја освои првата грен слем титула во кариерата.

Русинот изгледаше непобедливо и непоколебливо во големото финале во Њујорк и славеше со идентични 6:4 во трите сета, но откако му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на светскиот рекет број еден, привлече огромно внимание со лудата прослава која ја изведе на теренот.

Данил е познат по тоа што не им се радува на победите, но синоќа на „Артур Еш“ направи исклучок и откри дека изимитирал една легендарна прослава од фудбалската видео игра „ФИФА“.

– Што се однесува до мојата прослава, тоа ќе го сфатат само легендите. Тоа што го направив по мечот беше Л2 плус лево од џојстикот, – изјави со насмевка Медведев, а потоа се дообјасни на пресот.

– На оваа прослава од ФИФА првпат помислив на Вимблдон кога го видов жребот. Бев уверен како играм и една вечер се замислив како би реагирал по победа во финалето. Да не прославам, ќе биде премногу досадно, бидејќи тоа го правам цело време по мечевите. Јас сакам да играм ФИФА, играм многу плејстејшн, а оваа прослава е наречена „мртва риба“. Кога го знаете противникот со кого играте, многупати му го правите ова. Кога водите 5:0, му ја режирате оваа прослава со џојстикот, – се дообјасни откачениот Русин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни