Поврзете се со нас

АТП

Медведев по четири часа го скрши отпорот на Хуркач и избори полуфинале во Мелбурн

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Данил Медведев е третиот полуфиналист на Аустралијан Опен, статус до кој дојде по тешката победа над Хуберт Хуркач во пет сета.

Двајцата тенисери останаа четири часа на теренот во Мелбурн, наизменично освојуваа сетови, но во решавачкиот подобар беше Русинот.

Медведев го отвори дуелот со освојување на првиот сет во тај-брејк, возврати Хуркач со убедливи 6:2 во вториот, Медведев повторно поведе освојувајќи го третиот сет со 6:3, за Полјакот да избори петти сет со 7:5 во четвртиот сет.

Во него, решавачкиот момент се случи во седмиот гејм, во кој Медведев направи брејк, а потоа ја задржа предност за голема победа.

Противник на Медведев во полуфиналето ќе му биде подобриот од мечот меѓу Алкарас и Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни