Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Го заслужив првото место

Објавено

на

Данил Медведев не успеа да триумфира на турнирот Хертогенбош, но без разлика на поразот до финалето тој дојде до првото место на АТП листата.

Тој од врвот го смени Новак Ѓоковиќ кој падна дури на третата позиција, односно измеѓу Русинот и Србинот е Александер Зверев.

-Среќен сум што повторно сум број еден. Верувам дека го заслужив. АТП рангирањето опфаќа 52 недели, а не само една. Во спротивно секогаш би имале нов број еден, -порача Медведев кој се надева дека ќе има повеќе среќа во Хале и ќе се радува на пехарот.

-Можеби ќе биде подобро во Хеле. Станувам се подобар и подобар на трева. Подобар сум  на тврда подлога. Сакам трева, имам голем потенцијал на оваа подлога. Чувствувам дека постојано напредувам, истакна Русинот кој поради добро познати причини сепак нема да го гледаме на третиот грен слем во 2022 година Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни