Поврзете се со нас

АТП

Медведев го потврди статусот на фаворит, ќе имаме руско полуфинале во Мајами (ВИДЕО)

Објавено

на

Данил Медведев е на добар пат да се бори за уште една титулата во оваа сезона и тоа на Мастерсот во Мајами.

Русинот обезбеди пласман во полуфиналето откако со 2-0 во сетови беше подобар од домашниот тенисер Кристофер Јубенкс. Мечот имаше прекин во првиот сет поради дожд, прекин кој добро му дојде на Медеведев кој заигра подобро и со 6-3 ја затвори првата „рунда“.

Во вториот имаше уште поголема борба, во шестиот и седмиот гејм видоме во брејк на двете страни, но во 12 Американецот не го издржа притисокот, го загуби својот сервис и со тоа и мечот (7-5).

Нареден ривал на Данил ќе му биде сонародникот Карен Хачанов кој беше подобар од Франциско Серундоло со 2-0 во сетови. Средбата траеше 76 минути во кои Хачанов покажа подобра игра и со 6:3, 6:2 се пласираше во наредната фаза.

Останува сега да се види кој ќе му биде ривал на Јаник Синер на другата страна од ждребот, поточно го чека победникот од мечот Фриц-Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни