Поврзете се со нас

АТП

Медведев го доби маратонот и го елиминираше Синер од Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Данил Медведев излезе како победник од маратонската битка со Јаник Синер во четвртфиналето на Вимблдон.

Четири часа траеше надмудрување меѓу Русинот и Италијанецот, пресметка во која се играат пет сета и во која на крајот Медведев славеше со 6:7 (7), 6:4, 7:6 (4), 2:6, 6:3.

Мечот беше вистински тениски спектакл во кој двајцата асови има свои моменти на инспирација, имаа и падови во играта, па се се решаваше во петтиот сет во кој Данил дојде до брејк во четвртиот сет, а веќе во наредниот се одбрани од силниот напад на противникот и откако го издржа тоа потоа рутински ја заврши работата за полуфинале во кое ќе игра со подобриот од Алкарас-Пол.

Со ова Данил воедно ја прекина серијата од пет порази со Синер, но и му се одмазди за резултатот на Австралија Опен каде првиот светки рекет славеше со 3-2 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни