Поврзете се со нас

Дејвис куп

Медведев: Ѓоковиќ треба да чести вечера

Објавено

на

Селекцијата на Русија ја победи Шпанија и на тој начин и овозможи на Србија да се пласира во четвртфиналето на Дејвис Купот.

„Зборнаја“ чесно и спортски си ја одработи задачата против „црвената фурија“ и на тој начин им помогна на Србите кои на чело со Новак Ѓоковиќ сега им должат вечера на руските тениски репрезентативци.

-Ќе видиме. Сигурно нема да има вечера за време на финалето во Мадрид, но кога сè ќе заврши зошто да не, -рече Данил Медведев кој воедно откри дека добиле многу пораки од Србија.

-Добивме голем број пораки од луѓе од Србија. Нема да кажам за кого се работи. Се разбира, пишуваше „Победете“, „Ние навиваме за вас“. Искрено, беше многу забавно. Тоа е шармот на овој формат на Дејвис купот. Не сакавме ни да ја елиминираме Шпанија или да ја оставиме Србија. Игравме за себе. На крајот имаше таков исход што Србија има повеќе причини за задоволство“, дополни вториот светски рекет Медведев.

Србија во четвртфиналето на Дејвис Купот ќе се соочи со Казахстан, Русите пак за ривал ја имаат Шведска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни