Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Ѓоковиќ? Него тешко го победуваат и Надал и Федерер

Објавено

на

Данил Медведев е еден од играчите кои дефинитивно треба да се борат за врвот, медалите на тенискиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио.

Многу познати и квалитетни асови се откажаа од настапот во Јапонија, па Мадведев според ранкингот и според се што досега го има покажано во белиот спорт дефинитивно е играч кој треба да стрела кон највисоки цели.

Русинот веќе е во олимпиското село, добро се чувствува и верува дека може да направи добар резултат.

-На секој турнир играм за да го освојам. Ќе биде тешко, има добри играчи. Кога играте за вашата земја, тогаш се обидувате да бидете што е можно подобри, -вели Данил кој не чувствува притисок поради тоа што многумина во него гледаат единствен играч кој може да застане на патот на Ѓоковиќ.

-Не. Сакам да играм најдобро што можам. Ако успеам да победам играчи како Новак, тогаш тоа е фантастично. Понекогаш е крајно тешко да го победиме, не само за мене, туку и за сите други. Дури и за Федерер и Надал

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни