АТП
Медведев беснееше во финалето на Хале, тренерот на Русинот револтирано си замина од трибините (Видео)

Данил Медведев минатата седмица доби тениска лекција од дотогаш анонимниот Тим Ван Рајтховен во финалето во Холандија, но денеска одново загуби убедливо во едно финале и доста тешко го прифати тоа.
Русинот поради казната од британскта влада нема да може да настапи на Вимблдон, а тоа значи дека светскиот рекет број еден ја завршува сезоната на трева без освоен трофеј.
Медведев едноставно немаше решение за расположениот Хуберт Хуркач, кој извонредната седмица во Германија ја заокружи со освоен трофеј на турнирот во Хале.
Во денешното финале, Полјакот беше непогрешлив во првиот сет и истиот го доби со 6:1, но беше подобар и во вториот во кој можеше да слави и поубедливо од конечните 6:4.
Фантастичната игра на Хуркач на моменти до толку го фрустрираше Медведев што овој беснееше на теренот, а во една ситуација кога му се развика на својот тренер, Жил Сервара ги напушти трибините на стартот на вториот сет и веќе не се врати.
Покрај расплетот во Хале, денеска се играше финале и на турнирот Квинс во Лондон, каде трофејот го одбрани Матео Беретини со победа над Крајиновиќ.
Gilles Cervara had enough of Medvedev's performance in Halle. https://t.co/ZZFZ7IX9lb
— José Morgado (@josemorgado) June 19, 2022
Grass-court cat and mouse!@HubertHurkacz wins a wild exchange with Medvedev 😯#TWO22 pic.twitter.com/bm5Sqzlnis
— Tennis TV (@TennisTV) June 19, 2022
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Англијапред 16 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 16 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)