Поврзете се со нас

АТП

Медведев беснееше на својот тренер и го избрка од трибините на Австралија Опен (Видео)

Објавено

на

Данил Медведев на далеку потежок начин стигна до осминафиналето на Австралија Опен, откако денеска загуби два сета во пресметката со српскиот тенисер, Филип Крајиновиќ.

По водството од 2:0 во сетови, најдобриот руски тенисер имаше опуштање во играта и ги загуби наредните два за 2:2 и одлучувачки петти сет, а пред да се одиграат клучните гејмови, Медведев својот бес го истури на тренерот Жил Сервара и практично со таквото свое издание го избрка Французинот од трибините.

Медведев беснееше во четвртиот сет и на француски јазик му се обраќаше и викаше по својот тренер, пред овој да реши да ја напушти трибината и да го остави својот миленик сам да се справува на теренот.

Ова се случи во четвртиот сет при негатива на Русинот, кој без својот тренер на трибините, во петтиот сет славеше со максимални 6:0 за пласман во осминафиналето на Австралија Опен.

– Не знам што минуваше низ неговата глава, но јас бев бесен. Сепак, пред да си замине, ми порача дека е сигурен во тоа дека ќе победам. Сакаше само да ме остави сам, да се смирам како човек, да немам притисок од трибината. Имав моменти на фрустрација и процени дека најдобро е да ме остави сам. Може да ни се случат вакви работи, еднаш годишно, двапати максимум. Сигурно ќе имаме вакви епизоди и во иднина, – изјави Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни