Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Беше ужасно, сакав да ја извадам и кожата

Објавено

на

Најдобриот руски тенисер, Данил Медведев не успеа да го положи четвртфиналниот тест во Токио и на тој начин го заврши настапот на Летните Олимписки Игри.

Медведев не излезе на крај со шпанскиот рекет Пабло Карањо-Буста кој беше пофокусиран, подобро се снајде на жестината и со 6:2 и 7:6(5) дојде до борбата за медали. Данил пак по дуелот одново се пожали на условите и покрај тоа што терминот за денешниот меч беше поместен.

-Се сменив на мене. Сакав и да ја соблечам и кожата, бидејќи беше влажна како никогаш досега. Ужасно чувство, -истакна Данил кој му се заблагодари на обидите на Новак Ѓоковиќ кој прв го крена гласот против распоредот на натпреварите.

-Новак е вистински човек. Му благодарам што се обиде да ја поправи нашата ситуација. Вистина е дека дури и сега не уживав премногу на теренот, но сигурно беше многу подобро отколку да играм во 11 часот, – заклучи вториот тенисер на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни