Поврзете се со нас

АТП

Медо-шоу во Мелбурн: Разнесе шишиња, се врати од два сета негатива и го заврши мечот во 4 часот наутро! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Данил Медведев беше работ од елиминација на Аустралијан Опен и се врати од многу незгодна ситуација, но после четири часа и 23 минути излезе како победник во дуелот со Емил Русувури.

Финецот играше извонредно цели четири сета и го доведе Русинот до лудило на моменти, меѓутоа неискуството дојде до израз во одлучувачкиот петти сет, но истовремено и физичката подготовка.

Медведев одигра навистина под свои стандарди во првите два сета кои ги загуби со 6:3 и 7:6, но во третиот сет почна да игра многу попретпазливо и се обидуваше да доминира со рели-игра.

Таквата тактика му донесе брејк и намали на 2:1 (6:4), додека клучните моменти се случија во четвртиот сет кога Русувури беше на два поени од победа. Финецот со својата добра игра го налути Медведев и Русинот со неконтролирано фрлање на рекетот ги разнесе шишињата на својата клупа, но некако успеа да се прибере и потоа славеше во тајбрејкот.

Медо го скрши отпорот со 7:1, а потоа лесно го доби петтиот сет со 6:0 и се пласираше во третата рунда на грен слем турнирот во Мелбурн. Интересно беше и тоа што мечот започна многу доцна, па истиот заврши речиси во 4 часот наутро, или поточно во 3 часот и 40 минути.

– Ви благодарм момци што останавте да не догледате, на ваше место јас немаше да бидам тука, – им порача Медведев на фановите кои останаа на „Род Лејвер арената“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни