Поврзете се со нас

Шпанија

Медиумот кој е најблизок до Лео: Меси останува во Барселона само поради една причина!

Објавено

на

Во последните 60 минути владее преписка на реалција Меси-Ла Лига и двете страни се повикуваат на факти со кои се обидуваат да докажат кој е во право, но во средина на „препукувањето“, ни пристигна една ексклузивна и бомбастична вест од Аргентина која предизвика уште повеќе внимание.

Иако Лионел Меси се огласи преку своите адвокати и својот татко Хорхе со соопштение во кое појаснува дека можел да си замине без отштета по крајот на оваа сезона, на крајот сепак тој ќе остане во Барселона и ќе ја доработи последната година од договорот со каталонскиот гигант.

Ова официјално го пренесе угледната аргентинска телевизија „Тик Спортс“, медиумот кој всушност прв и обелодени на јавноста дека Меси испратил факс до Барселона со цел да му биде исполнета желбата за заминување од клубот.

Десет дена по оваа ексклузивна вест на „Тик Спортс“, ова попладне истиот медиум се повика на свои инсајдерски извори и тврди дека Лео на крајот ќе остане во Барселона, од едноставна причина што не сака да заврши на суд со клубот кој најмногу го сака во животот.

– По состанокот кој го имаа Хорхе Меси и Бартомеу, аргентинската ѕвезда која има 33 години одлучи да остане уште една сезона во Барселона, со цел да одбегне да се соочи со клубот на суд, нешто што може да му донесе проблеми и при пронаоѓањето на нов клуб наредната година. Лионел Меси ќе остане во Барселона до 30-ти јуни 2021-ва година, тогаш завршува неговиот договор со клубот. Иако претходно испрати факс со кој побара раскин на договорот, го промени мислењето и не сака да си замине од клубот во скандалозни услови, тоа е клубот во кој израсна и во кој мина 20 години од животот, – гласи веста на „Тик Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни