Италија
Медиумите од Парма со интересна вест: Пандев си отворил сериозна дилема пред крајот на сезоната

Горан Пандев реши да направи изненадувачки трансфер на крајот од јануарскиот преоден рок, односно реши да не ја заврши сезоната со саканата Џенова и направи премин во Парма.
Легендарниот македонски фудбалер тогаш најави дека последните месеци во кариерата ќе ги мине во тимот во кој е и легендарниот Џанлуиџи Буфон, но со оглед на разочарувачкиот краток престој кој го имаше поради повреди, Италијанците денеска излегоа со една интересна најава.
Имено, последните неколку дена се јавила сериозна дилема кај Пандев, кој одново го активирал прашањето кое се чинеше дека е затворено на почетокот на 2022-ра година.
Непосакуваните повреди, 11 одиграни натпревари за Парма и еден гол и асистенција разбудиле сомнеж кај Пандев околу конечната одлука, која првично гласеше дека ќе ги закачи копачките на клин по крајот на оваа сезона.
Новинарот Антонио Боелис од „Пармаспорт“ вели дека овој учинок го натерал Пандев да подразмисли за одложување на пензијата, па сега сериозна опција е да остане фудбалски активен уште една сезона. Официјален одговор на оваа тема се очекува од Пандев во наредните неколку дена, или наредните неколку недели, бидејќи по крајот на сезоната, договорот со Парма му истекува и Гоче ќе има улога на слободен агент.
-
Италијапред 23 часа
Фудбалски „идиот на месецот“: Играч на Венеција го шутна Пелегрини во меѓуножјето (Видео)
-
АТПпред 22 часа
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави со искрена изјава за можното заминување на Де Јонг: За мене тој е многу важен, но….
-
Англијапред 7 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Англијапред 23 часа
Ван Дајк излезе со прва информација за својата повреда која ги загрижи фановите на Ливерпул
-
Шпанијапред 3 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 22 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Германијапред 5 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)