Медиумите најавуваат неочекуван трансфер: Златан се враќа на „Театарот на соништата“?

ibra-zeva

Златан Ибрахимовиќ за нешто помалку од еден месец ќе стане слободен агент и ќе може сам да избира во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Шведскиот голгетер иако има 38 години е посакуван од неколку топ клубови, меѓу кои предничи интересот на тимот на Милан.

Сепак, како што пишува „Тутомеркато“ во последно време и од Манчестер Јунајтед почнале да ја разгледуваат можноста за ангажман на Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот година и пол го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ , а првата сезона на „Олд Трафрд“ му беше екстра успешна затоа што успеа да постигне вкупно 28 погодоци во сите натпреварувања.

Оваа сезона, 38 годишниот Ибрахимовиќ во дресот на Лос Анџелес Галакси успеа да постигне 31 погодок на вкупно 30 средби.

Facebook Коментари