Поврзете се со нас

Шпанија

Медиумите го преселија во Јувентус, мајка му зборува нешто друго

Објавено

на

Можната размена на играчи меѓу Јувентус и Барселона и понатаму е тема која е актуелна во медиумите, па така најновите информации кои ги пренесе „Тутоспорт“ беа дека се отвара вратата за да се затвори една голема зделка.

Се работи за Артур Мело кој наводно се премислил и одлучил да даде зелено светло за трансфер во Торино, додека пак во спротивен правец би заминал Миралем Пјаник.

Меѓутоа оваа информација на италијанскиот медиум беше чудна со оглед на тоа што Бразилецот во неколку наврати имаше цврст став и инсистираше дека сака да остане на „Камп Ноу“, а дека веста е можеби лажна или само голема шпекулација говори и реакција на мајката на фудбалерот Лусија Мело.

-Артур е среќен во Барселона, -порача мајката на фудбалерот на шпанскиот шампион.

Останува да видиме дали во наредниот период може да дојде до било каков договор меѓу Барса и Јуве за размена на споменатите или пак на други играчи кои исто се споменуваа во изминатиов период.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни