Поврзете се со нас

Англија

Медицинските прегледи на Бејл носат лоша вест за Мурињо

Објавено

на

Герет Бејл денеска беше „уловен“ во Лондон каде пристигна со цел да го комплетира трансферот од Реал Мадрид во Тотенхем, со што и дефинитивно ќе стави крај на последните две лоши сезони кои ги имаше во шпанската престолнина.

Никој не може да негира дека Велшанецот направи историја во „кралскиот клуб“, но двете страни дојдоа до ситуација разделбата да биде најдобро решение, па цела фудбалска јавност во наредните часови очекува официјална разрешница на преговорите меѓу Реал и Тотенхем.

Сепак, пред да бидат објавени детали од зделката која ја договараат двата клуба, угледната „Марка“ излезе со своја ексклзуива, обелоденувајќи дека Жозе Мурињо ќе мора да чека на дебито на големата ѕвезда најмалку еден месец.

Мадридскиот весник тврди дека медицинските лица на Тотенхем утврдиле дека Бејл ќе направи трансфер во ситуација кога има повреда на мускулот, проблем поради кој ќе мора да паузира 30-тина дена.

Претпоставката е дека Герет се вратил со повреда од последниот настап кој го имаше со Велс, по што во последните неколку дена тренираше само во теретаната на Реал Мадрид, без да излезе на теренот со останатите играчи. Во продолжение од веста, „Марка“ уверува дека ова нема да ги стопира нештата и дека двата клуба се одлучни да ја истераат зделката до самиот крај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни