Медел направи циркус во Турција: Го влечеше противникот кој лежеше на земја, па со глума го прелажа судијата (Видео)

medel-akhisar

Гари Медел во изминативе 10-тина години благодарение на своите безпоштедни игри и неверојатна пожртвуваност на средината на теренот си го заработи прекарот „пит-бул“, но сега чилеанскиот репрезентативец покажа и едно друго лице во Турција откако на натпреварот меѓу Бешикташ и Акхисар направи вистински циркус.

Фудбалерот за врска беше оној кој најтешко ги прифати почетните 0:0 во самата завршница од мечот, па одлучи на свој начин да го стане противникот кој се жалеше на повреда. Медел употреби сила додека го правеше тоа, а потоа изрежира вистински театар и успеа да го надмудри судијата изнудувајќи црвен картон за Пауло Енрике кој остана шокиран од целокупниот настан.

Сепак, ваквиот лукав и срамен потег на Медел не му донесе никаква предност на Бешикташ, бидејќи Акхисар издржа до крајот и ги одржа почетните 0:0.

Facebook Коментари